„Kyнг фу Ване“, се фати за Хонг Конг: 3oки го бpaни единствениот кој може да му парира колку пати е фатен со рацете во медот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова бомба на Ла Верита утринава одекна во македонската јавност, бомба тешка неколку милиони евра, но вредна илјадници човечки животи кои потенцијално се загубени поради фактот што Македонија се уште нема вакцини против опасниот коронавирус.

Ла Верита откри зошто бил вратен авансот за кинеските вакцини, а причината е што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

Според Ла Верита се работи за приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, а била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, што оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата.

Поранешниот директор на Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов со фотографија од Хонк Конг се обиде да ја релативизира објавата на Ла Верита и да го брани Заев, но залудно.

За цела „среќа“ 3оки ги има провладините медиуми и дежурните релативизатори помеѓу кој е и „Кунг фу Ване“ кој како поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, освен „тендери“ не фати ништо.

Цветанов се товари дека во период од 2008-2010 година ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на законот, при што на правните лица им плаќал авансно, иако според одредбите во договорите исплатата требала да биде после извршената услуга,со што ја оштетил УСППФТ, односно Буџетот за 748.533 денари.

Во декември 2008 година Цветанов од сметката на УСППФТ на сметката на АД Еуро Компјутер Систем префрлил 117.000 денари за ORACLE обуки на вработените, но обуките никогаш не се реализирале.

Во ноември 2009 година во управата е започната постапка за набавка на материјали за поправка во просториите на управата и како најповолна е прифатена понудата на Алемар Инжинеринг во вкупна вредност од 289.700 денари при што вредноста во договорот била впишана со пенкало. Од книговодствената евиденција во Алемар Инжинеринг е утврдено дека во истиот договор има компјутерски впишана вредност од 200.540 денари. Врз основа на тој договор се сочинети две фактури (една на вредност од 200.540 денари и друга на останата вредност од 89.160 денари). Од страна на управителот на Алемар Инжинеринг е појаснето дека во управата, неговата фирма не го работела тоа што било наведено во договорот, туку било извршено тапацирање на врати и репарирање на маса и столчиња, поради што истиот имал поголеми трошоци и за тоа до управата ја доставил втората фактура на сума од 89.160 денари.

Во март 2009 година спроведена е јавна набавка за поправка и сервисирање на моторни возила и како најповолна е избрана фирмата NIKO RENAULT со која на 17.03.2009 година бил склучен и договор. Од извршените проверки во НИКО-1 утврдено е дека понудата што ја доставиле до управата е со датум еден месец подоцна, од што може да се види дека во управата е извршено антидатирање на понудата на НИКО-1. Исто така од проверките е утврдено дека извршителот на услугите НИКО-1 при поправката на возилата за потребите на управата користел користени делови за кои не постои финансиска евиденција ниту вредност колку чинеле деловите искористени при поправките. На ваков начин пријавениот иако прифатил задоцнета понуда спротивно на Законот за јавни набавки која е антидатирана како да е поднесена навреме, потпишал и антидатиран договор со што ги оштетил другите двајца понудувачи и дозволил на возилата да бидат вградени користени делови.

Од страна на управата во ноември 2008 година е започната постапка за спроведување јавна набавка за обука на вработените и како најповолна е избрана фирмата Бизнис Едукативен Центар со која пријавениот потпишал договор на сума од 306.800 денари во кој стоело дека исплатата ќе биде извршена во рок од 15 дена по добивањето на фактурата, но тој извршил исплата три дена по склучувањето на договорот. Од извршените проверки и од разговорите со наведените лица во документацијата на управата дека учествувале на обуката е констатирано дека таква обука воопшто не е спроведена.

Исто така во периодот од јануари 2009 година до мај 2010 година пријавениот и покрај одлуката на Влада со која се одредува лимитот за користење на службени мобилни телефони, заедно со други двајца вработени во управата се стекнале со противправна имотна корист пречекорувајќи го лимитот, при што на таков начин тројцата ја оштетиле управата за вкупна вредност од 235.573 денари.

Ване Цветанов беше обвинет и осуден во аферата „Шпион“, а доби вкупно 3 години затвор за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна, службена или воена тајна. Судот не го осуди Цветанов за шпионажа, бидејќи Јавното обвинителство во завршен збор го повлече обвинувањето за тоа кривично дело.

Поранешниот директор на Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам, редовно го фали премиерот Заев, а го спореди премиерот Зоран Заев со македонскиот револуционер Гоце Делчев од кој тој сака да се откаже/

„Според мене, за визијата што ја има Зоран Заев, без разлика дали некои го етикетираат како предавник или не, тој е новиот и модерен Гоце Делчев во оваа држава, затоа што тој ги гледа работите сто години нанапред“, изјави Цветанов бранејќи го Договорот од Преспа.

Да се биде во првите одбранбени редови на Заев се исплати па така во 2019-та година, Ване Цветанов беше поставен за нов претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This