Котлap: Peшиле „пeт истopиски личнocти и тpи пepиоди“, небape бaвчaтa од татко им ја мepле и дeлeлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историчарката Наташа Котлар за мантрата на Заев и соработниците за „достигнувањата“ на Мешовитата комисија со Бугарија за историски и образовни прашања.

„НЕ МОЖЕ да настапувате и да ни ја навредувате ученоста, интелегенцијата и трудот! Срамота и грев за татковината и за народот!

Неодоливата глупавост и ароганција во настапот на северните политичари за ‘заедничката историја’ достигнаа планетарни размери. Ми ти решиле тие ‘пет историски личности и три историски периоди’, неверојатно, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле!

Наскоро и Гоце Делчев ќе го решеле ‘во духот на заедништвото’! Тоа се произволности, господо, будалаштини, кои воопшто немаат допирна точка со научната работа – историската дејност. Историјата како меморија (антрополошки) и како научна и образовна дисциплина (нормативна) воопшто не зависи од вашите политички изјави и неразумни постапки.

Кој е тој научен авторитет – институции (државни и јавни) кои ја определиле и дефинирале флоскулата ‘заедничка историја’ со бугарскиот или со кој било друг народ, па вие, сте го презеле тоа знаење, за да понатаму настапувате со таа ‘вистина’ сред македонскиот народ заради фалсификување на неговата историја?

Присобраните 3-4 комисисти по вокација историчари, во случајов не се научен авторитет, туку само политички инструмент за вашите неарзумни, агресивни и ненародни политики. Државните и националните интереси се бранат со учениот и професионален настап на институциите, а историјата од научните институции!“, реагира професорката од Институтот за национална историја (ИНИ).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This