Moлeлa за киcлopoд, нe дoбилa, пoчинaлa од Koвид: Инcпekциски надзop на Инфekтивна во Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во врска со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, информираат од Министерство за здравство. Додаваат дека директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана“, пишува министерот Венко Филипче.

Михаела Довичинска, ќерка на 41-годишна пациентка која починала на штипското инфективно одделение со бронхопневмонија и Ковид 19, вчера преку статус на фејсбук обвинува за несоодветниот однос на медицинскиот персонал на ова одделение. Ќерката тврди, дека од податоците на мобилниот телефон на мајка и, евидентно е дека таа со часови не успеала да добие ниту едно медицинско лице да и донесе боца кислород во собата, во последните моменти од животот, кога таа боца кислород била клучна за нејзиното преживување.

„Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа мои зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна…Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам јас сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини неуспешни обиди да го добие дежурниот медицински персонал на истиот број на кој се јавуваат луѓе од цела држава за да добијат информација за своите најблиски“, пишува во ФБ статусот.

Вонреден инспекциски надзор во Штипското инфективно се уште трае а по завршениот надзор министерството за здравство ќе излезе со детали дали медицинскиот персонал направил пропусти во вршење на нивната работа.

Извор: ТВ 21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This