КРИВИЧНА ЗА МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ: ОЈО Велес отвори предмет поради повикувањето на верниците во храмовите за Духовденска задушница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Македонија.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This