НИ СЕ СЛУЧУВА ЛИ ИТАЛИЈА: Масовното нaпуштање на Скопје ќе предизвика нови жаришта и онаму каде што нема заболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако доцна синоќа Владата прогласи целосен полициски час на територијата на град Скопје и уште неколку општини во земјата, граѓаните масовно тргнаа кон регионите каде што полицискиот час е предвиден само во ноќните часови.

Оваа слика многу наликува на она што се случи во Италија. Откако беа откриени жариштата на коронавирусот, италијанската Влада исто така го ограничи движењето на граѓаните во најзагрозените подрачја. Жителите веднаш ги напуштија овие региони за да не останат заробени што предизвика вирусот, кој има подолг период на инкубација и не ретко е асимтоматски, да се пренесе и во останатите делови на земјата. Скијачките центри кои беа преполни со странци предизвикаа ширење на епидемијата и во останатите европски земји.

Знаеме што се случи подоцна во Италија. Земјата стана едно од најголемите жаришта во светот и се најде на листата со најголем број на инфицирани и починати.

Денес медиумите и социјалните мрежи вриеја од видеа и фотографии од километарски колони со возила кои се упатија кон роднини, викендици, но и туристичките и излетничките места. Се бараат викенд куќи за изнајмување, се бара соба плус во хотелите.

Да не заборавиме дека неодамна повторно се отворија и угостителските објекти. Но и да не беа отворени, ништо нема да ги спречи граѓаните да се дружат по паркови и дворови.

Дали и колку беа оправдани драконските, но сепак половични осмислени мерки на Владата останува да видиме за десетина дена откако ќе помине периодот на инкубација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This