Кунгуловски: Bo oвoj бpaн, зapaзaтa ce шиpи кaкo никoгaш дoceгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување на 24 Вести, д-р Горан Кунгуловски предупреди дека во септември можеме да го очекуваме пикот на овој четврти бран предизвикан од индискиот сој, но дека со мерките се задоцни.

Според него, неимунизираните граѓани доколку се заразат со боледтс може да имаат потешка клиничка слика.

Делта-сојот коси низ цел свет, низ цела Европа. Пикот најверојатно ќе стигне малку побргу, има недела или две разлика од сите претпоставки досега. Сега гледаме дека има една нагорна линија на позитивни пациенти, заразени со болеста. Откако го детектиравме првиот пациент со делта-сојот во Македонија, знаевме дека ќе има една нагорна линија и знаевме дека таа нагорна линија, отприлика, ќе заземе некој интензитет во август и дека најверојатно својот врв ќе го достигне во септември, вели д-р Горан Кунгуловски во интервју за ТВ 24.

Тој подоцна и преку својот профил на Твитер објасни и дека преваленцата на овој бран е поголема од секоја досега и дека според негови претпоставки секој 20-ти, а во најдобар случај секој 50-ти граѓанин ќе биде заразен со делта-сој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This