Кopoнaтa пpaви пokoc вo САД: Зaбeлeжaни нaд милиoн нoви cлyчaи зa пoмaлкy oд eднa нeдeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД за помалку од една недела забележаа еден милион нови случаи на инфекција со коронавирус и ја преминаа границата од вкупно 11 милиони случаи на инфекција, објави синоќа Универзитетот Џон Хопкинс.

Границата од 10 милиони заразени во Соединетите држави беше надмината на 9 ноември, а бројот на случаи на инфекција со Ковида-19 во САД во неделата вечерта (2.30 часот во понеделник по средноевропско време) беше 11.025.046, што значи дека уште само милион луѓе биле заразени за само шест денови според статистиката на тој универзитет.

Вкупно 246.108 лица починаа од коронавирус во САД.

Соединетите држави остануваат најтешко погодената земја во светот со оваа епидемија, а од почетокот на ноември постои тенденција на влошување, поради што властите на неколку сојузни држави и градови воведоа нови ограничувања.

Чикаго, третиот по големина град во земјата, од денес влегува во изолација, додека Њујорк, кој беше силно погоден во првиот бран минатата пролет, се обидува да се спротивстави на новиот бран воведувајќи нови мерки за барови и ресторани. Училиштата сепак ќе останат отворени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во петокот вети дека вакцината ќе започне да им се дава на Американците „за неколку недели“, но тој останува решителен противник на карантинот; повторно спроведена во неколку земји во Европа.

Борбата против вирусот е дополнително комплицирана од одбивањето на Трамп да го признае поразот на претседателските избори на 3 ноември, што ја блокира транзицијата на власта на демократот eо Бајден, конкретно блокирајќи ги распределбите на федералните средства и пристапот до важни информации.

Демократите посочуваат дека оваа ситуација може да има сериозни последици врз капацитетот на новоизбраниот претседател Бјаден да се соочи со предизвиците што ги носи епидемијата кога тој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Бајден и неговиот тим сè уште немаат овластување да се консултираат со главниот имунолог Етнони Фаучи.

„Секако дека би било подобро доколку може да се одржат такви разговори“, рече синоќа имунологот Фаучи на Си-Ен-Ен, предупредувајќи дека вирусот може да однесе уште десетици илјади американски животи додека Бајден стапи на должност на крајот Јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This