ЛЕ ПЕН НАЈАВУВА “ФРЕГЗИТ“: ЕУ е првата жpтвa на кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија е технократска организација, потполно одвоена од народот и исклучена од негоите главни грижи, изјави во интервју за „Вечерње новости“ претседателката на француската партија Национален собир, Марин ле Пен.

„Како бирократска творба, ЕУ е опседната со примената на своите недопирливи догми. И додека пандемијата ги погашаше една по друга европските земји, кога со право очекувавме реакција и мобилизација на Европската комисија, таа дискретно го спроведуваше процесот на проширување во корист на Албанија и на Македонија,“ вели Ле Пен.

Според неа, кризите се често показател, ја откриваат состојбата на духот на луѓето, но и на институциите. Кризата низ која во моментот поминуваме не е исклучок од тоа правило.

„Во овие трагични моменти, од нациите и народите пристигнуваат солидарност и сочувство. Никому не му е ни потребна интервенција на бриселската технократија за префрлање на француските пациенти во соседните земји или кога Белград се осветлува во боите на Франција како знак на пријателство и поддршка во борбата против Ковид-19.“

Ле Пен жестоко ја критикуваше ЕУ.

„Европската унија со неспособноста и неподготвеноста да ги заштити граѓаните на своите земји-членки стана прва жртва на коронавирусот. Оваа политичка организација, која ја пртставија како штит зад кој државите ќе можат да се засолнат, ниту знаеше ниту можеше да реагира и координира ни со најмала, ефиканска акција за да ја спречи епидемијата.

И тука фактите се немилосрдни: додека земјите со право долучија да ги затворат границите во обид да го спречат напредувањето на епидемијата, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги одвраќаше европските држави од преземање на сите овие мерки на здрав разум. Треба да се спомене дека и Емануел Макрон веднаш ги предупреди Французите на ’повлекување во национализам‘.“

Според Ле Пен, оваа пандемија уште еднаш покажа дека ЕУ е транснационална, технократска политичка организација без демократски легитимитет. Таа претставува збир на слабости, неспособна да реагира и дејствува кога е тоа неопходно.

„Таа дијагноза, впрочем, беше потврдена пред неколку недели за време на мигрантската кризаи уцените на Ердоган. Оваа Европа, која би требало да ги заштити државите-членки од мигрантскиот налет, одлучи да ја прошири процедурата за право на азил. Светот на утрешнината ќе биде свет со враќање на границите, нациите, економскиот и индустрискиот суверенитет.“

Ле Пен ја повтори реченицата што неодамна ја изговори францускиот претседател Емануел Макрон: „Ништо веќе нема да биде исто како порано.“

„Оваа промена не може да биде само крпење, обнова на фасадите, каталог на добри намери, туку бара длабоки промени во пристапот и концепцијата што ора да ја имаме за нашиот модел на општество. Обезбедувањето средства за технолошки суверенитет, преместување на индустриските активности, заштита и промоција нашите стратешкии компании – тоа се предизвиците со кои ќе мора да се соочиме по победата во борбата против коронавирусот,“ рече Ле Пен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This