МАКЕДОНИЈА НА ЛИНИЈА НА ОГHOT: Ако мигpaнтите ја пробиjaт грчката граница, ќе ги запpeме во Западен Балкан, вели Курц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека постои тројна безбедносна мрежа за одбрана од повторување на бегалската криза од 2015 година, која предвидува, ако мигрантите ја пробијат грчката граница, да бидат запрени во Западен Балкан.

„Постои тројна мрежа. Првата е дека грчката влада, за разлика од порано, е решителна во одбраната на надворешната граница на ЕУ. Ние сме во тесен контакт со пријателите на Западен Балкан и тие се подготвени, во случај на пробив на грчката граница, да ја заштитат својата меѓа и да не дозволат пропуштање на мигрантите. Третата е дека министерот за внатрешни работи е подготвен да ја заштити границата на Австрија од пробив на мигрантите. На тој начин спречуваме нова мигрантска криза како таа во 2015 година“, изјави Курц за виенскиот дневен лист „Кронен цајтунг“.

Според него, актуелната ситуација со бегалците не е случајност, туку свесен, организиран напад од Турција.

„На тие луѓе им е дадена лажна надеж. И тие делумно со турски автобуси се превезени до границата“, смета Курц и предупредува: „Ако турскиот напад биде успешен, тоа ќе значи понатамошно движење на тие луѓе, а тоа води кон крајот на Европа без внатрешни граници“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This