Пендаровски-Соботка: Австрија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот, Стево Пендаровски, го прими претседателот на Националниот совет на Парламентот на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, се вели дека на оваа средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Австрија, при што било оценето дека двете држави негуваат одлични билатерални односи во повеќе сфери од заеднички интерес.

Претседателот Пендаровски, во оваа прилика изразил очекување за натамошно интензивирање на соработката меѓу парламентите на двете држави, како важен аспект во јакнењето на меѓудржавната соработка.

Исто така на средбата претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на силната, безрезервна и принципиелна австриска поддршка за европската перспектива на Македонија и на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување дека наскоро, по донесувањето на новата методологија за водење на пристапни преговори, ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство во Унијата, што е во интерес на стабилноста на регионот и на Европската Унија.

Пендаровски и Соботка, размениле мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, како и за предизвиците што произлегуваат од нелегалната миграција.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This