Македонците во Авганистан се плaшат за своите животи: Немa слободни лeтови, ако пaднe Кабул ќе биде уште потешko

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агонија за македонските државјани кои моментно се во Авганситан, период на тешко исчекување на нивните семејства овде. Иако не се соопштува колку нашинци се таму, факт е дека е доста тешко тие да се вратат назад, пренесува Фактор.

Во моментов има итна евакуација на странски државјани од сите земји, а комерцијалните летови се преполни. Каква ќе биде нивната судбина тешко е да се претпостави.

Талибанците заземаат се поголема територија на Авганистан под контрола, а незапирливиот упад вчера продолжи со освојувањето на Кандахар, клучен трговски центар и втор по големина град во земјата.

Македонското Министерството за надворешни работи вчера им препорача на сите граѓани на земјата да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност – да заминат во најскоро можно време.

„Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732“, се наведува во соопштението од МНР.

Дел од семејствата чии роднини се таму с евикаат дека не можат да добијат конкретни информации за враќањето назад. Од МНР убедуваат дека во моментов нема пречки за напуштање на земјата, и досега не е пријавен ниту еден наш државјанин кој е во загрозена состојба, и/или кому му е потребна помош.

Според последните информации владините сили уште го контролираат аеродромот, кој беше главна американска база во Авганистан за време на дведецениската окупација, но остатокот од градот е во рацете на екстремистите, кои се приближија уште повеќе до заземање на главниот град Кабул и доведување на целата земја под нивна контрола.

Вчера, министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, оцени дека е загрижен дека „Авганистан се претвора во распадната држава која може да стане погодна почва за милитантите, како што е терористичката организација Ал Каеда, која најверојатно ќе се врати сега.

Пентагон соопшти дека ќе испрати 3.000 дополнителни војници во рок од 48 часа за да помогнат во евакуацијата на персоналот на американската амбасада. Се размислува и за преместување на службениците на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул. Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, изјави дека дел од дипломатскиот кор ќе биде евакуиран, а сите американски државјани итно биле повикани веднаш да го напуштат Авганистан.

Прајс, сепак, нагласи дека амбасадата ќе остане отворена, ќе продолжи да одржува дипломатски односи со авганистанската влада и ќе обезбедува конзуларни услуги.

Извор: Фактор

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This