По 20 години Фрчковски го дефиниpa koнфликтот: Ахмети бил или воcтаник или бyнтовник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Љубомир Фрчкоски кој беше дел од тимот кој работеше на Охридскиот рамковен договор потпишан по конфликтот од 2001 година, во интервју за Дојче Веле настаните кои се случуваа тогаш ги дефинира како бунт или востание.

– Тој од меѓународен аспект се рангира како ниско интензивен внатрешен конфликт, во правна смисла нешто помеѓу бунт и востание – вели Фрчкоски.

Во однос на Охридскиот Рамковен договор Фрчковски вели дека тој не е мировен, ниту, пак, е меѓународен договр.

– Охридскиот Рамковен договор е политички акт од внатрешен карактер со правни консидерации – одредби во деловите за кои сака прецизно да се дефинираат. Тој не е меѓународен договор и не е мировен договор. Меѓународен не е поради страните кои учествуваат во неговото сочинување и потпишување, и независно од силното гаранциско учество на посредници, тој во основа е внатрешен акт. Не е мировен, иако има одредби кои се однесуваат за прекин на воените дејства и регулирање на последиците од нив, бидејќи во Македонија немало ниту воена или вонредна состојба за време на конфликтот – вели Фрчкоски.

Фрчкоски смета дека Договорот има важни елементи кои решаваат одделни проблеми во државата.

– Начинот на кој се реши инклузивно проблемот со употребата на албанскиот јазик во институциите; двојното, Бадинтерово гласање како некакво суспензивно вето за заштита на правата на заедниците кои не се во мнозинство; тој генерално елиминираше каков било вид територијално решение за етничките права – федерализација или кантонизација и начинот на кој се регрутираа припадници на заедниците во државната администрација; и конечно локалната самоуправа како хоризонтално демократизирање на системот кој се допираше и кон употребата на јазикот на заедниците и нивно регрутирање – вели Фрчкоски.

Според него, слабост во однос на симболизмот на овој договор е тоа што тој е партиски киднапиран од страна на ДУИ наместо тој да биде дел од постигањата на институциите на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This