Малески: Како што патот до НАТО водеше преку Атина, денес патот до ЕУ води преку Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Пред 29 години, на почетокот од 1992 година, Португалија стана новиот претседавач на ЕЗ. Во таа година…нашите очекувања од португалското претседателство беа големи колку и нашите маки. Значи, многу големи…

Меѓутоа, многу бргу ми стана јасно дека малата членка на ЕЗ, претставена од министер за надворешни работи со току големо има – Жоао ди Деус Рогадо Салвадор Пињеиро, имаше попаметни нешта отколку да го троши моментот на својот политички триумф за Македонија.

Имав впечаток дека сите шест месеци привилегија да претседава со моќните држави на Европа, Пињеиро ги потроши на интересита на својата држава и, претпоставувам, на себе лично, пишува професорот и првиот шеф на македонската дипломатијха по осамостојувањето, Денко Малески, во колумна за „Плусинфо“.

(…)

„Превземајки го претседателството со ЕУ, Португалија, од устата на својот амбасадор во Франција, на почетокот од оваа 2021 година кажа неколку вистини. Прво, дека темата за проширување е преголема за нејзините капацитети и положбата во внатрешната хиерархија на ЕУ, па оттаму нема да биде приоритет на нејзината надворешна политика. Дека нејзините приоритети се односите со земјите на Африка, каде во минатото била колонизатор, и прашањето на бегалците кои можат да стасаат и до нејзините брегови.

На крај, кажа една ноторна вистина која никако да ја разбереме: дека едногласноста е методот на одлучување за почеток на преговори со земјите кандидати каква што е Македонија.

Поинаку кажано, исто онака како што некогаш патот до НАТО водеше преку Атина, денес патот до ЕУ води преку Софија.

Овие изјави на португалскиот амбасадор во Париз од некни, денес ги надополни министерот за надворешни работи кој вети дека Португалија сепак ќе се обиде да се запознае со најновиот балкански проблем, односите помеѓу Македонија и Бугарија“- оценува Малески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This