Професорот Матевски: Министерството ќе yдpи во ѕид ако вака продолжи со образовната реформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Зоран Матевски, универзитетски професор на Институт за социологија на скопскиот Филозофски факултет зборуваме за актуелниот момент од случувањата околу расправата по предложената Нацрт-концепција за промени во основното образование.

Бројни образовни и други институции искажаа свое несогласување и противење на предложениот Нацрт-концепт за промени во основното образование. Но, министерката Царовска не го повлекува концептот туку продолжува со „јавната расправа“ која треба да трае до 20 јануари…

-Како што е познато многу институции се изјаснија. Некои категорично го отфрлија, некои бараат подобрувања, да не се брза во процесот. Најголеми забелешки се на предложените интегрирани курикулуми. Тие се отфрлаат, се отфрла предложениот наставен план кој е навистина најпроблематичен. Ова што сега се прави јас, а верувам и други, не го признавам како јавна расправа. МОН пушти покана за расправа до Универзитети, тие до факултети и нивните ставови излегоа во јавност. Повеќето факултети не одеа во материјална и содржинска расправа по предложената Нацрт-концепција. Тука се поклопивме во ставовите. Се бара Концепцијата да застане, МОН да дојде на факултети или ние кај нив и заеднички да расправаме по предложеното. Затоа и факултетите дадоа само општи забелешки дека нешто не е направено како што треба и со резерви за наставниот план, со интегрирани курикулуми кој е најпроблематичен. МОН очекува нешто друго но ние не се согласуваме со тоа. Не може да правите Нацрт-концепција, а претходно да не земете мислења од факултети, без тие да ви се партнери. Не може ваква концепција да се прави со невладини организации и наставници.

Јавна расправа ќе има тогаш кога ќе не викнат да седнеме и да расправаме по предложената концепција. И ние да дадеме забелешки. Не се согласувам дека нашите забелешки биле премногу општи, ние дадовме критика и забелешки дека појдовните точки за промените во концептот на основното образование не се компатабилни со наставниот план. Како што е сега предложено, холистичкиот пристап, интердисциплинарност, мултикултиризмот, родова рамноправност не се на линија на наставниот план. Јас очекувам да не викнат за да седнеме и да се договориме. Вака нема елементи за јавна расправа.

Што е тоа што би требало да се направи во оваа фаза сега отако се виде Нацрт-концепт и откако се видоа реакциите на институциите? Дали целиот процес да се врати на почеток или да се прави нов концепт?

–Ситуацијата сега е максимално комплицирана. Освен УКИМ, МАНУ, Институти.. се вклучија и верските заедници МПЦ, ИВЗ… и тое бараат и Етика на религии и Историја на религии да се учат во тој интергиран курикулум, а знаете дека не може еден свештеник да предава во редовно образование. Лично, не сум за тоа Нацрт-концепцијата целосно да падне, да се врати на почеток. Јас сум за тоа МОН да седне со сите факултети и да се види како може да се преформулира наставниот план, тој да се подобри. МОН треба да е свесно дека не е холистички да онаа интегрирана наставна содржина која сега се предава од прво до петто одделение сега да се продолжи и од шесто до девето одделние. Таа затскирена карта на која игра МОН не е добра идеја. Не може од прво до петто одделние тоа да го предава еден наставник од шесто до девето тројца-четворица. Тие велат дека ќе се предава тематски, но ако имате интергирани курикулуми тогаш неколку наставници треба заеднички да работат со децата, а не секој да си предава посебно свој предмет. Па уште секој да се определува оценка од свој предмет за ученикот па тоа да се усогласува…Таков принцип и концепт нема во светот. МОН земал парчиња од финскиот, од американскиот, од други образовни системи и ги споил… Велам, не мора да се почне од „А“ во поправката, треба да се види што е добро. Едноставно, она што се сака, таа мултидисциплинарност, интегрираност да се направат како што е направено во светот. Тука нема никакви политички мотиви во реакциите на факултетите туку чисто стручни.

Што доколку Министерството за образование ја заврши „јавната расправа“ и формално-правно го заврши процесот по што ќе утврди одредена концепција. Ќе може ли тој новонаправениот концепт воопшто да профункционира во системот на основното образование? Во каква ситуација може да се дојде со оглед на несогласувањата?

-На ваков начин новиот концепт не може да профункционира. Овој процес има наколку фази и третата е правење на наставни програми. За да се направат наставни програми треба да се објави конкурс, за еден предмет да се пријават повеќе автори – историчари, географичари, социолози, филозофи, за друг хемичари, физичари, математичари… И тоа во ситуација кога нивни матични факултети речиси едногласно се спротивставуваат. Кој јунак тогаш ќе се јави на таков конкурс и да прави наставна програма, а да не биде екскомунициран од своите колеги. Ќе се дојде во ситуација да нема кој да прави наставни програми за интегрирани предмети. Нив треба да ги прават универзитетски професори во најголем дел. Никогаш до сега не се случило наставни програми да прават средношколски професори.

Значи, ако продолжи вака процесот, како да немало реакции, тоа ќе значи како удирање со глава во ѕид. Лично, мислам дека МОН ќе го тера процесот, дека предложената концепција ќе ја тераат и натаму, но ќе направат кардинална грешка ако не се сретнат со нас. Јас сум сепак оптимист дека тоа ќе се случи и дека на таков начин би можела да се отвори јавна расправа. МОН мора да сфати дека ние како факултети сакаме да помогнеме, а нашите реакции се речиси неподелени и единствени. Со тоа би се овозможило да промените почнат од наесен од прво одделение а за останатите години има време подоцна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This