МИЛОШОСКИ: Владата е фатена во фaлcификaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција изјави дека Владата е фатена во фалсификат. Според него, не може да се повлече предлог закон без да има седница.

Ова ќе биде тест, дали во Македонија функционираат институциите, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ.

Според Милошоски, не биле расправани на дневен ред на седница на Владата измените на Законот за јавно обинителство, така што не може да се расправа за нив на седница на Собранието.

Според пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ треба да се повикаат надлежните институции за да спречат ваков фалсификат, за кој што има обид да се донесе набрзина.

Никој не го спори правото на предлагачот за да повлече предлог-закон, но треба да се постапува според Деловникот, со нов дневен ред на Владата.

Навреда е на интелигенцијата на граѓаните, а особенио на пратениците, доколку Талат Џафери, Рената Дескоска, Зоран Заев и Али Ахмети разговарале за мали технички измени од 9 утрово до 22 часот вечерва, рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This