МИЦЕВСКИ: Единствено што знае СДСМ е да задиpa во Уставот на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна вечерва на седницата на Собранието на Република Македонија се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој изрази незадоволство и потенцираше дека оваа гарнитура на власт освен што тежнее во задирање на уставот и иницирање уставни промени, не прави ништо друго. Мицевски исто така истакна дека е крајно некоректно што седницата која била закажана за 17ч е неколку пати преместена, за конечно да почне по 21ч.

Во текот на вечерта е испратен допис во кој се бара повлекување на предлог законот за Јавно обвинителство како и предлог законот за Совет за јавни обвинители кои не биле потпишани од техничкиот премиер кој согласно прописите треба да ги потпише овие документи. Впрочем во истиот допис биле предложени и нови предлог закони и измени кои повторно на шверцерски начин сакаат да се протнат, вели Мицевски.

На крајно невкусен начин СДСМ и гарнитурата на власт го повлекле предлог законот за ЈО, како и предлог законот за Советот на јавни обвинители без истиот да се изгласа на Влада. На ист начин се предложени и новите предлог измени кои се доставени до нас додека ние чекавме да започне седницата која што започна во 21ч, а требаше во 17ч. Од тука можеме да видиме во каков хаос е Владата и дека на секаков начин ќе бара сламка за спас. Но, нема да успее. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат тука додека е потребно и ќе ги штити интересите и барањата во однос на законот за ЈО”, истакна Мицевски.

Покрај оваа седница, закажана била и нова 135-та седница за која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не биле известени туку случајно дознале дека истата е закажана. Односот на Талат Џафери, Оливер Спасовски и сите инволвирани во овој процес е крајно селективен и некоректен и тоа доведува до ваква тензична атмосфера која што СДСМ сака вештачки да ја создаде, заврши Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This