МИЛОШОСКИ: ДИК мора да биде функционална за да нема алиби за одржување на референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се екипира ли државната изборна комисија по барањето Антонијо Милошоски. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ испрати барање за итно распишување на оглас за избор на нови шест членови на Државната изборна комисија.

Во барањето до собранискиот спикер, Талат Џафери се навeдува дека поради итноста потребно е ваквата предог – одлука да се стави како прва точка од дневен ред на следната седница, опозицискиот пратеник очекува поддршка од сите партии, знаејќи го фактот што за избор на членови во комисијата, Собранието мора да даде зелено светло и тоа со двотретинско мнозинство. Потребата е итен, според Милошоски и поради оптимизмот за решение на спорот со името.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Taлат Џафери потврдија дека барањето е пристигнато но повеќе детали најавија во текот на утрешниот ден, а доколку предлогот биде усвоен, во рок од осум дена треба да се распиши оглас за нови членови на ДИК. Парламентарни партии се уште не го разгледале барањето.

„ Ние се уште не сме го разгледале предлогот од пратеникот Антонио Милошовски како пратеничка група, но јас сметам дека, во рамките на постоечкото законско решение е коректен и дека доколку е заедничко усогалсено решение на пратеничката група ќе биде поддржан од наша страна. – велат од СДСМ.

Од ДУИ пак велат дека по се изгледа дека опозицијата решила да и се врати на работата во Собранието.

„Ќе го разгледаме предлогот што го доставиле до Претседателот на Собранието но во секој случај нивните ставови се безпредметни затоа што решенијата за значајните прашања ги одлучуваме со заедничка одговорност.“

Барањето следува по вчерашниот отворен ден во ДИК, од каде изјавија дека и по оставките од членовите на комисијата, стручните служби се подготвени за евентуален референдум за името.

Прашањето околу реферeндумот за името предизвика раздор во Владата СДСМ и ДУИ остануваат со поделени мислења.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This