Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во чин полковник унапреди офицер кој во 2012. година бил вратен од мисијата на АРМ во Авганистан поради обид за силување на жена-војник
Офицерот Хајро Али кој извршил полов напад, неодамна заедно со уште три свои офицери колеги е унапреден во чинот полковник од министерката Шеќеринска. Неофицијално за овој случај постојат и документи и записници кој датираат од 2012 година, по пријавувањето на обидот за силување, а заедно со него бил вратен уште еден војник на АРМ кој го пријавил случајот за да се избегнат тензични ситуации во македонската единица – дознаваме од извори во АРМ.
Јавноста беше преплавена со феминистичката кампања и хаштагот #СегаКажувам, во која влијателни жени споделуваа негативни животни искуства во кои биле сексуално злоставувани. За иронијата да биде уште поголема поддршка за кампањата даде и првата жена министер во министерството за одбрана, Радмила Шеќеринска која унапреди офицер на АРМ кој сторил полов напад.