(Видео) Митовски открива зошто Камчев беше „киднапиран“ – Сеење страв, страв и само страв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако може човек кој раководи со фирма која имал удел во бруто домашниот производ во цели бројќи да биде киднапиран и да заврши во притвор, тоа може да му се случи на било кој граѓанин на Република Македонија, ова според уредникот на Инфомакс, Александар Митовски е логиката позади неговот апсење со погрешна наредба и врз основа на една страна службена белешка од Агенцијата за разузнавање како во времето на УДБА.

Mитовски во своето гостување во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце истакна дека целта на притворот за бизнисменот е сеење страв кај народот и предупредување дека ова може да му се случи на било кој граѓанин.

-Орце Камчев е човек кој вработува околу 3 илјади луѓе во државата, значи 3 илјади фамилии јадат леб од компаниите на Камчев. Не сум адвокат за да го бранам, но да ја изнализираме општата слика. Тоа е компанија која учествува во БДП, не со 0,… нешто туку учествува со цели бројки во БДП на државата. Која е логиката позади тортурата на Орце Камчев во оваа ситуација? Ако може Орце Камчев да биде вака киднапиран во 10 часот наутро додека вежба во теретана без образложение со погрешна наредба што останува за секој друг од нас и кога јас или било кој друг говори за Орце Камчев тогаш ние сме од некоја машинерија, нас не етикетираат како луѓе на Камчев. Не е така ние зборуваме реално бидејќи тоа може да помине во навика на било која власт. И повторно таа власт ќе се правда како оваа сега, така Груевски правеше, вели Митовски.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This