Независниот синдикат за образование и наука до Царовска: Да се исполнат обврските кон просветните работници, да им се исплатат прекувремените часови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реакција на НСОН по однос на Апелирањето на МОН до училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците

Како резултат на планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година донесен со одлука на Министерство за образование и наука, на дел од вработените во основните училишта им беше двојно зголемен фондот на наставни часови во однос на пропишаниот со Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта Член 17 Став 1: “Работното време на наставникот изнесува 40 работни часови неделно од коишто 20 до 23 наставни часови”.

Токму поради непочитувањето на законите, односно неисплаќањето на надоместок за двојно зголемениот фонд на часови, НСОН организираше неколку протести со цел јавно да го искаже незадоволство поради некоректниот однос кон вработените засегнати со ситуацијата.

Во контекст на денешното јавното обраќање на МОН, чувствуваме потреба да укажеме на неколку нелогичности во врска со тоа обраќање:

– Доколку МОН навремено исплаќало средства до општините, наменети како надоместок за двојно зголемениот фонд на часови и истите општините не ги користеле за соодветната намена, во тој случај потребно е под итно МОН да покрене постапка за финансика злоупотреба пред надлежните институции.

– Министерството за образование и наука како орган кој со одлука го има донесено планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година е должно да ги сноси и одговорностите кои произглегуваат од истиот и наместо со “апел” или “укажување” со задолжување да ги обврзе училиштата и општините во целост да го исплатат надоместокот за двојно зголемен фонд на часови за периодот од Oктомври 2020 до Јуни 2021 година.

– Министерството за образование и наука има законско право и обврска да ги одземе надлежностите на општините согласно Член 167 од Законот за основно образование доколку истите не постапат по укажувањето на МОН и во најкраток рок не го исплатат надоместокот за двојно зголемен фонд на часови, а така МОН би можел да ги исправи пропустите направени од страна на училиштата и општините.

Нејасни се причините зошто надлежното министерство место со оперативни чекори избира овој горлив проблем на наставниците да го решава преку упатување апел. За нас како Независен синдикат за образование и наука најважно е сите наставници во целост да го добијат надоместокот за двојно зголемен фонд на часови и бараме од институциите, наместо да ја префрлаат топката меѓусебно, да ги исполнат обврските кон просветните работници!

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This