Мицкоски до Христов: Зошто се обидувате kиднaпиpaњето на пратеникот да го прикажете за мој нeyспех, заедно со граѓаните го дeлегитимиравме Заев на избори, 100 илјади разлика и победа во над 42 општини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, изминатите локални избори, како и за очекувањата за наредниот период и формирањето ново парламентарно мнозинство.

Киднапирањето на пратеник на денот на гласање доверба на Владата во Собранието Република не може и не смее да се припишува како неуспех на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со сите опозициски политички партии кои што се против режимот, го делегитимираа Зоран Заев и го спремија за политичка пензија. Имено, ВМРО-ДПМНЕ освои над 42 општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, што е неспорен успех, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека киднапирањето пратеник говори за режимот кој владее, односно за заканите и уцените кои што секојдневно се пласираат од страна на власта до најразлични видови политичари, па дури и по обичните граѓани. Она кое што се случи во четвртокот е срамен чин и чин кој само ја покажува мрачната политичка сцена во државата на чело со Зоран Заев.

“Република Македонија не смее да биде ниту Колумбија, ниту Боливија, туку треба да се почитуваат правилата, законите и волјата на народот. Ниту една уцена, ниту една закана, нема да го сменат мислењето на граѓаните кое што го кажаа громогласно во двата круга на локалните избори. Победата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и кристално чиста, а проблемот со формирање ново парламентарно мнозинство само кажува за тоа на што се е спремен Зоран Заев, само да ја спаси сопствената кожа”, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This