Мицкоски: Заев ги држеше како заробеници пратениците од власта, затоа што се плашеше како ќе гласаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше во емисијата ,,Топ тема” која се емитува на телевизијата Телма. Мицкоски ја коментираше ситуацијата која се одвиваше во Собранието на Република Македонија на која требаше да се изгласа недоверба на владата на Зоран Заев и начинот на кој успеа некако да ја задржи власта, преку методи кои не се одраз на една демократска држава.

,,Имавме состојба во која 59 пратеници кои ја поддржуваат Владата беа држени како заробеници затоа што некој се сомнева во честа и честитоста на тие пратеници да бидат дел од таа седница и да гласаат против. Да претпоставиме дека ќе беа против, тие велат дека таа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев да остане, и тоа е легитимно, никој не ги тера со сила. Од едната страна ќе имавме 60 пратеници, минус овој еден кој што се потпишал и го нема, од другата страна имаме 59 во пратеничките клупи кои гласаат против иницијативата за гласање на доверба и ќе беше 60:59, еден исчезнат во тој момент бидејќи се појави дури попладнето после 16 часот откако претседателот на движењето Беса пријави исчезнат пратеник. Овие 59 ќе си гласаа против и јавноста ќе беше заштитена од сето она коешто се случуваше” – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека тие 59 пратеници кои ја наводно ја поддржуваат владата и кои дента не биле присутни на седницата, биле спречени од лидерите на политичките партии на власт да не бидат таму, затоа што немаат доверба во своите пратеници и мислат дека некој од нив, сепак ќе гласа за недоверба на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This