Мицкоски: Еве ДУИ нека поддржи премиер Албанец што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, зошто ја лaжат јавноста со нaционалистички теми за да го покријат kpиминалот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 одговарајќи на новинарско прашање рече дека не разговарал за премиер Албанец со ДУИ, прашувајќи дали ДУИ ќе прифати премиер Албанец кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Немаме разговарано ја слушав таа изјава од негов соработник. Немам разговарано на таа тема, но зошто еве да речеме најголемата политичка партија предлага технички премиер, еве во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ, зошто па ДУИ да не поддржи премиер кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ а да биде Албанец, вели Мицкоски.

Ако они мислат дека со враќање на темата премиер Албанец народот ќе има колективна амнезија и за тие живи 14 кои што гореа во модуларната болница и за оние души на автобусот на БЕСА Транс кој што 135 пати поминал граница, технички неисправен, и за закочениот евроинтегративен процес, и за катастрофата за се во државата и сега ајде ќе ја враќаме темата Албанец. Еве Македонија имала премиер кој што не бил Македонец, бил Влав, еве ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи премиер Албанец дали ДУИ ќе го прифати, праша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This