April 26, 2024, 11:06 pm

Мицкоски: 70% од клучката кај Момин Поток се нepeшени имотно-правни односи, мостот кај Аеродром завршува во куќа, одличен е за ловење риби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во гостување во ТВ21 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека проблемите на локално ниво наследени се бројни од кои само клучката кај Момин Поток има 70% нерешени имотно-правни односи, а мостот кај Аеродром завршува во куќа, одличен е само за ловење на риби.
-На клучката кај Момин Поток од 70% од опфатот градежен се нерешени имотно-правни односи како да се работи изведувачот, кога 70% се нерешени имотно-правни односи и тоа на ти парцели има живеалишта за домовување, човечки судбини се во прашање имате стопански објекти, бизнис се води таму тие не се играчка, не може луѓето да се исфрлат од таму, па само процесот на решавање на тие имотно-правни односи може да трае повеќе години, вели Мицкоски.
Тој посочи и друг проблем мостот кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба кој чини едно чудо пари, а завршува во куќа, Мицкоски вели дека тој мост сега е одличен само за ловење риби, а градот земал кредит за истиот, народни пари.
-За Брзиот рапид транспорт има некои работи кои скопјани треба да ги знаат, треба мост да се гради кој ќе ги поврзува Карпош 4 со Влае, а тоа не е предвидено, трасата е кај главната цефка за снабдување со вода на Скопје, не е предвидено засилување бетонско, тоа се се дополнителни трошоци и од 70 милиони проектот ќе стане 100-ни милиони, а нашите анализи покажуваат дека тие пари Скопје ги нема, а повеќе од милион, милион ипол Скопје не може повеќе да се задолжува, објасни Мицкоски и посочи дека ете тоа е сработеното од претходникот на Данела Арсовска.
Мицкоски посочи дека граѓаните не сакаат веќе импровизации, туку план и реално остварливи проекти за да се решат проблемите

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This