МНР: Димитров и Филипче на брифинг со странските диломати за кopoнавиpyсот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи, Никола Димитров и за здравство, Венко Филипче, денеска одржаа брифинг со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва и мисиите на меѓународните организации во земјава на кој беа разменети информации за состојбата со корона вирусот, соопшти Министерството за надворешни работи.

На брифингот во МНР беа презентирани превентивните мерки согласно насоките и препораките на Владата во врска со коронавирусот.

Димитров ги информираше странските претставници во земјава за одлуките донесени од Владата, кои важат и за странските државјани кои имаат постојан или привремен престој во Македонија, како и оние кои планираат патување во земјава во наредниот период.

– Ваквите предизвици кои не познаваат граници бараат колективен одговор, покрај нужната размена на информации, искуства и ескпертиза. Kоординирана акција како одговор на глобалната закана од овој вирус ја наметнува и потребата од уште поблиска комуникација меѓу владите на сите земји. Клучниот елемент во тоа заедништво треба да е солидарноста и меѓудржавната соработка, да не ја ставаме и неа во самоизолација. Напротив, помагајќи им на другите, во случајов си помагаме и себеси, истакна Димитров на брифингот со странските диломатски претставници во земјава.
Министерот за здравство Венко Филипче детално брифираше за последната состојба во земјава во контекст на заболените и нивното лекување, како и за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем со овој вирус.

– Во постојана комуникација и консултација сме со СЗО и во континуитет преземаме мерки за заштита од коронавирусот. Сите капацитети со кои располагаме се ставени на располагање и одлично функционира системот за превенција и контрола за спречување непосакувано ширење на корона вирусот. Имајќи предвид дека досега се преземени сите превентивни мерки од Комисијата за заразни болести, домашните експерти, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, како и на Институтот за јавно здравје – можеме слободно да информираме дека вродија со плод и во целост се реализираат сите досегашни мерки, а за одличното справување со оваа ситуација добивме потврда и лично од д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, кој беше во државава само пред неколку дена, посочи на брифингот министерот Филипче.
Информира дека врз основа на стручните препораки на Комисијата за заразни болести и меѓуресорското Координативно тело, денеска се предложени нови дополнителни и зајакнати мерки со цел заштита и превенција на населението.

Филипче ги информира странските диломатски претставници во земјава и за состојбата на пациентите заболени од коронавирус, како за тоа дека нема нови случаи на заразени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This