Правниците реагираат: Како ќе се одржуваат cyдења со десетици обвинeти за време на пандемиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да има судења или не?! Бугарскиот и грчкиот Врховен суд препорачаа одложување на јавните расправи и судења за еден месец поради коронавирусот. Кај нас денеска адвокатите го побараа истото. Адвокатот Јовица Страшевски тврди дека во Кривичниот суд не се спроведуваат никакви мерки за заштита и превенција од вирусот.

-Во мое лично име но и во името на моите колеги кои овие два дена се вознемирени и гласно ја коментираат состојбата со Корона вирусот во Република Македонија, јавно Ви се обраќам со цел да апелирам да донесете разумна одлука бидејќи здравјето е најважно пред било каква одлука од страна на Министерот за правда која нема ниту знаење ниту допирни точки со ова прашање. Апелирам да донесете одлука без консултации како тоа што го направивте без претходни консултации со други министри, комори т.е засегнати страни бидејќи се согласувам со Вас дека здравјето е побитно од се. Кој ќе сноси одговорност ако судот постани извор број 1 на Корона вирус во нашата држава. Кога во нашата држава се забрануваат јавни собири, се затвораат игротеки, градинки, школи итн нема никаква логика да судот работи под полна пареа каде дневно циркулираат илјадници лица кои не се имуни на Корона вирусот. Притоа сакам да Ве информирам дека во Кривичниот суд ниту се спроведуваат некои мерки, ниту се дезинфицираат судниците, ниту се прави некаква контрола на лицата што влегуваат во суд под полна пареа се одржуваат десетици судења. Нема евиденција кој судија или обвинител бил на некое патување или имал контакти со лица кои се во ризична категорија. Во текот на вчерашниот ден еден адвокат кој бил на службено патување во ризичен регион присуствуваше на судење а денес една од обвинетите не дојде на судење поради тоа што нејзиниот сопруг бил во карантин.Апелирам до Вас итно да дадете препорака до судовите во нашата држава да држат само судења кои се од итен и неодложен карактер но исто така да се врши дезинфекција на судниците но и да има контрола на лицата кои влегуваат во судовите. Имам четири деца и немам намера јас лично наредниов период да се појавувам на закажаните рочишта бидејќи нивното здравје ми е поважно од се. Ве молам да ги имате во предвид дека судот казнува адвокати кои ги почитуваат вашите досегашни мерки т.е отсуство поради родителска грижа на своите деца. Се надевам дека овој Апел добронамерно ќе го сватите бидејќи здравјето на граѓаните треба да биде пред се – вели адвокатот.

Со реакција се јави невладината Коалиција за правично судење, која бара земјава да спроведе слични мерки какооние во Грција и Бугарија.

Одложувањето на судењата треба да биде идеја за нашите надлежни, имајќи предвид дека на пример веќе следнава недела 3 дена континуирано по ред е закажана јавна седница во Апелациониот суд Скопје за предметот „27 Април” број на обвинети, бранители. Претседателите на судовите и нивната судска управа да ја информираат јавноста преку јавни соопштенија и известувања на огласните табли и влезните врати во судовите кои ќе ги содржат препораките на Министерството за здравство и СЗО во поглед на превенција на ширење на вирусот Ковид- 19. Воедно ги повикуваме претседателите на судовите и судската управа да направат напори за обезбедување на соодветни просторни и технички услови за одвивање на судењата (соодветна големина на просторијата во однос на интересот на јавноста за присуство на конкретното судење, овозможување на технички услови за спроведување на видео- конференции, соодветно координирање на активностите и менаџирање на распоредите за судење, дезинфицирање и функционално вентилирање на сите простории во судот итн.) без притоа да се ограничува јавноста од судењето.

Врховниот суд, велат од Коалицијата, би требало да воведе мерки на снимање и пренос во живо од рочиштата за главна расправа во судовите, залагање за зголемена примена и искористеност на информатичко- компјутерската технологија во судовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This