МОСКОВСКИОТ ПАТРИЈАРХ СЕ ЗАКАНИ: Формирањето на автокефална црвка во Украина може да доведе до опасни последици за целиот свет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска предупреди дека формирањето автокефална црква во Украина и прогон на канонската украинска православна црква може да доведе до опасни последици за целиот свет.

На состанок на Врховниот совет на црквата, тој рече дека она што се случува во Украина треба да биде преседан.

– Тоа значи дека се што е осигурано со меѓуверски мир, верски слободи и човекови права, престанува да биде недопирливо, посебно ако тие вредности стојат како начин за решавање на одредени политички проблеми, рече патријархот Кирил.

Во Киев на 15 декември е основана автокефална Украинска православна црква, одвоена од Московската патријаршија.

На соборот на претставниците на новата црква, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Петро Порошенко, за поглавар на црквата беше избран миторполитот Епифаниј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This