ЈУГ И СЕ ПОНУДИ НА КАЦАРСКА: За 10 години, кога ќе ме пуштат од затвор, може да ме земете за асистент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинетиот Игор Југ на денешното рочиште за крвавиот четврток ѝ предложи на претседателката на судечкиот совет која го води случајот, Добрила Кацарска, доколку го осуди, по одлежувањето на затворската казна да го земе за асистент бидејќи за време на целата судска постапка научил сè за судството, пренесува Макфакс.

Игор Југ како дополнителен доказ предложи снимка од прес-конференција од 30 април минатата година на поранешниот пратеник, а сега министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, која сакаше сам да ја презентира.

На снимката што беше пуштена во судницата се слуша како Манчевски обвинува дека Југ е суден за силување, убиство, и продавање дрога. Обвинетиот Југ ги отфрли сите овие обвинувања по што рече дека судот може многу лесно да утврди дека станува збор за лаги изнесени од Манчевски, односно дека тој никогаш не бил суден за овие работи.

„Јас имам малолетни деца. Што мислите како се чувствуваат тие кога другарчињата во училиште им велат дека татко им е манијак и дилер на дрога. Манчевски не најде доблест во ниту еден момент да се извини за изнесените лаги“, рече Игор Југ.

Обвинетиот Игор Југ не поднесе барање за амнестија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This