Над 100 000 туристи останале заглавени во Нов Зеланд поради пандемијата, па решиле да останат засекогаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 250 илјади туристи останале заглавени во Нов Зеланд кога почна пандемијата на коронавирусот, а речиси пола од нив се решиле да останат во земјата затоа што се чувствувале посигурно.

Голем дел од туристите биле од САД и од Обединетото Кралство кои во март биле затекнати во оваа островска земја, и во моментот не можеле да се вратат. Откако завршила пандемијата по шест недели, дел од туристите се решиле да се вратат, но околу 120 илјади се решиле да останат.

Државата која два пати го победи вирусот, и која ги става своите граѓани пред државната сметка, и во која стапката на невработеност е околу 4%, има бесплатна здравствена заштита, а пензиите се големи. Така откако чуле што се случува, голем број се решиле да останат. Особено оние што се во пар и кои планираат брак.

Еден од нив се Ефраин Вега де Варона и Игрид Ривера. Тие двајцата за „Гардијан“ раскажаа како го напуштиле Лос Анџелес за да се преселат во градот Каикура каде што помагаат на локалното старо населени во секојдневната набавка на храна.

„Се што имаме се два куфери. И така е тоа во последните десет месеци“, рекле тие.

Оние кои се решиле да останат, раскажале дека повеќе веруваат на владата на Нов Зеланд, отколку на својата влада.

Дека се повеќе Американци бегаат на Нов Зеланд, покажува податокот дека минатата година барањата за вселување пораснале за 65%, или околу 80 илјади лица се распрашувале околу условите за доаѓање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This