Над 1,5 милион луѓе се вакцинирани со Спутник V во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 1,5 милиони луѓе се вакцинирани со руската вакцина Спутник Спутник V (Спутник V), објави рускиот фонд за директни инвестиции.

“Повеќе од 1,5 милиони луѓе веќе се вакцинирани со Спутник V. Вакцината не предизвикува сериозни алергии”, се вели во соопштението на Фондот.
Александар Гинзбург, директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, претходно за Спутник изјави дека повеќе од милион руски граѓани веќе примиле вакцина против вирусот корона „Спутник V“ и дека не се забележани нови несакани ефекти.

Вакцината „Спутник V“ е одобрена во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Бразил и Алжир, а започната е постапка за регистрација на вакцината во Европската унија.

Вакцината, произведена од Институтот за научно истражување Гамалеја во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This