Наместо mopaториум, хотели: Богдановиќ не открива дали во Маџир маало ќе никнат хотели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По острите реакции на Маџирмаалци кој ја обвинија општина Центар дека сака да изгради хотели на привнато земјиште, градоначалникот Саша Богдановиќ смирува дека никој од жителите на оваа маало нема да биде оштетен поради Деталниот урабнистички план, пренесува Телма.

Тој не негира дека во Маџир Маало ќе се градат деловни објекти, но не откри дали станува збор за изградба на хотели.

Деталните урбанистички планови за Маџир Маало 1 и Маџир Маало 2 се донесени пред 7 години и беа спротивни од Генералниот урбаниситчки план на градот.

По смената на локалната власт заедно со уште триесетина планови беа ставени под мораториум.

Меѓутоа и новите предлози не им се допаднаа на жителите од оваа маало кои на вчерашната средба со општинарите им порачаа дека не сакаат хотели на нивните приватни парцели.

Јавната анкета завршува за 5 дена , а за овој предлог Детален урбанистички план советот на општина Центар треба да гласа на крајот на годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This