Јовановски pacпaли: Оваа генерација на Македонци може да пpeџвака толку многу ѓубpe, што и лебapките можат да ни позaвидaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продавај магла, продавај лајна се купуваат, вели актерот Владо Јовановски, кој со цитатот до „Црна дупка“ на Горан Стефановски се обиде да ја опише моменталната ситуација во Македонија

Легендарната изјава на Петре Шилегов за убиството на Ѓорче Петров, полека но сигурно го става во втор план, скандалот со „Нинџа желката“. Тој скандал пак, ја стави во трет план сечата на јапонските цреши. Црешите се сечеа, кога Грција си ја избрендира Македонија, ем Грчка, ем Голема. Тој бренд пак, ни помогна да заборавиме на ОХИС. Што беше тоа, ОХИ…!? Останаа само болките во грлата и градите. Сотрувањето на дивите свињи и во ловен и во не ловен ден, е само статистика, а африканска чума нема ниту за лек. Дивоградбите постојат само во народното предание. Народното пак, стана граѓанско. Граѓанското стана коса црта/. Македонскиот јазик стана мајчин. Мајките плачат по своите затворени синови. Синовите копнеат да ги видат родителите, а затворот е од двете страни на решетките. Слободата стана ропство! Македонија – ГОЛГОТА!

„Продавај магла, продавај лајна се купуваат“ – „Црна дупка“, Горан Стефановски.

П.С. Оваа генерација на Македонци, да се стави под заштита на УНЕСКО, како феномен. Спечифичен вид, што може да преџвака толку многу ѓубре во единица време, што и лебарките можат да ни позавидат.

Нас бре ни атомска бомбаа ништо не ни може, вели Јовановски.

Легендарната изјава на Петре Шилегов за убиството на Ѓорче Петров, полека но сигурно го става во втор план, скандалот со…

Posted by Vlado Jovanovski on Thursday, November 21, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This