Научниците веруваат дека овој елемент е одговорен за ниската смртност од коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Борбата против пандемијата на коронавирусите сè уште трае, а последните податоци покажуваат дека земјите од Далечниот исток бележат најдобри резултати. Само 29 лица од вкупно шест милиони жители починаа во Сингапур. Претходно научниците веруваа дека се работи за внес на свежа храна, витамини кои го подобруваат имунолошкиот систем, но научниците од Сингапур дојдоа до зачудувачки резултати. Експертите ниската смртност ја припишуваат на еден моќен елемент – јодот.

Имено, популацијата од овој дел на светот е позната по тоа што ги внесува пропишаните количини на јод, со што се зголемува имунитетот, што доведува до зачудувачки резултати, не само во Сингапур, туку и во околните земји, предводени од Јапонија. Ова е во целосна согласност со испитувањето спроведено во Националниот центар за ревматологија во Холандија. Тимот предводен од професор д-р Верхесен, анализирајќи ги податоците за бројот на жртви во светот предизвикани од Ковид-19, заклучи дека количината на внес на јод има значително влијание врз стапката на смртност.

Како пример, тој наведува дека епидемиолошките податоци покажуваат дека моменталната пандемија Ковид-19 во Јапонија и други земји познати по големиот внес на јод има многу ниска стапка на смртност од Ковид-19 во споредба со другите земји.

Јодот треба да се внесува преку храна и најмногу се наоѓа во алги, морска риба и трпезна јодирана сол. Дневниот внес на јод треба да биде од 1,5 милиграми до 2,4 милиграми по лице. Оптималното внесување на јод може да стане еден вид „вакцинација“, што нагло го намалува ризикот од развој на болеста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This