Ha бapaњe нa гoлeм бpoj кoмпaнии Bлaдaтa пoкpeнyвa aвтeнтичнo тoлкyвaњe нa 3aкoнoт зa кoнтpoлa нa oпojни дpoги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На предлог на Министерството за здравство, Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата со предлог барање за автентично толкување на член 49, став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во Собранието.

Постапката, како што информира владиниот портпарол Душко Арсовски, Влада ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции дали сушениот цвет може  да добие третман на препарат на супстанции  и растенија класифицирани во листите 2 и 3 кој што е подобен за извоз надвор од територијата на државата.

-Станува збор за предлог упатен од Министерството за здравство до Собранието за автентично толкување на член од Законот за контрола на опојни дроги. Тоа е постапка која се покренува на барање на голем број компании со лиценци за одгледување на канабис за медицински цели, прецизира Арсовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Барањето, додаде, е поднесено, бидејќи е проценето дека има недореченост во Законот.

Тој информира дека на вчерашната седница Владата го усвои и петтиот пакет на мерки кој има за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервалот од 4 до 5 проценти од пред стапувањето на кризата и за директна поддршка на стопанството, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и на работните услови.

Вредноста на овој пакет е проценета на 9,773 милијарди денари, рече Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This