НАУЧНИЦИТЕ ДЕНЕС ЌЕ ГО ЛАНСИРААТ ЛЕТАЛОТО “СОЛАР ОРБИТЕР”: Тоа ќе го набљудува и истражува Сонцето за да може подобро да се разбере

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците денеска во Вселената ќе го лaнcиpaат леталото „Солар Орбитер” што ќе го истражува Сонцето, за да може подобро да се разбере.

Сондата на Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе биде лaнcиpaна вечерва од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида, во соработка со американската вселенска агенција НАСА.

Сондата со себе ќе носи десет научни инструменти, со 209 килограми корисна носивост.

Откако ќе ја мине орбитата на Венера и потоа и на Меркур, сателитот, чија максимална брзина ќе изнесува 245.000 километри на час, ќе може да се приближи до Сонцето на 42 милиони километри, што претставува помалку од третина од оддалеченоста на Земјата од Сонцето, пренесе Индекс.хр.

Собраните податоци ќе се споредуваат со оние од сондата на НАСА, „Паркер”, што беше лaнcиpaнa во 2018 година, која многу повеќе му се доближила на Сонцето (на седум до осум милиони километри), но нема технологија за директно набљудување, бидејќи температурата на таа оддалеченост е превисока.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This