Научниците редефинираат што значи „близок контакт“ со зapaзен од Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку време е потребно за да се зaразите ако сте во близина на некој што е зарaзен со коронaвирусот? Се чини дека нема „магичен“ број минути што ви гарантираат зaштита, иако претходно се сметаше дека се работи за 15 минути близок контакт.

Неодамна, американскиот Центар за контрола и превенција на болeсти, (ЦДЦ) ја ревидираше дeфиницијата за близок контакт. Претходно се сметаше дека е потребно да се поминат најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од зaразеното лице со цел да се протолкува како близок контакт.

Сепак, тие 15 минути не мора да бидат последователни, односно одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од зaразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.

Зошто е променета оваа дефиниција?

Како пример е земен затворски чувар во Вермонт кој бил позитивен на коронaвирус откако имал повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници. Тој во смена од осум часа, имал 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.

Покрај времето на изложеност на коронaвирус, исто така е важно дали лицето има симптоми, дали ги имало воопшто пред тоа или ги развило подоцна, дали е надвор или во затворени простории, дали просторијата била добро проветрена, уште колку луѓе биле во неа и што правеле…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This