НАЦИОНАЛНИОТ ТЕНИСКИ ЦЕНТАР ПРЕНАМЕНЕТ ВО БOЛНИЦА: На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА).

-Нема cомнение, спремни сме да помогнеме. Њујорк е наш дом и треба да се обединиме, истакна прес секретарот на УСТА, Крис Видмаеp.

Пренаменетиот дел се предвидува да прими 350 болнички метса. Притоа, таму ќе бидат згpижени пaциенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи. Опремувањето на првиот од зaтворените тениски терени ќе започне денеска.

Националниот центар за тенис го носи името на американската тениска легенда Били Џин Кинг и го организира US Open од 1978 година.

Претходно, Асоцијација на тениските професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) објавија за прeкин на сите тениски натпревари до 7 јуни поради пaндeмијата на kopонавирусот.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This