На Македонија и се зakaнува сepиозна енергетска kpиза, еве што велат експертите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европа предупредува поради тоа што МЕПСО влече поголема количина струја од мрежата, а во услови кога домашното производство е минимално. Приватните снабдувачи речиси и да не купуваат струја од надвор, пренесува Фактор.

Земјава е во лоша енергетска ситуација и ги трпи последиците од проблемите на меѓународниот пазар. Во обид да го надомести производство Владата одлучи да набави јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, но тендерот за најголемиот производител во државата, РЕК Битола пропадна.

Иако дел од експертите велат дека се можни рестрикции од Владата уверуваат дека тоа нема да се случи. Сепак струјата најверојатно ќе треба да посакпи веќе следната година.

Сања Божиновска енергетски експерт за Фактор изјави дека состојбата со термо блоковите е катастрофална.

„Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11.10.2021 година е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира.Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес, рече таа.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This