Tито Петковски го искapa 3aeв: Нека ми пpocти пpeмиерот ама изјавата за ocтавка е нeoдговopна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тито Петковски, долгогодишен учесник на политичката сцена во Македонија, успехот на коалицијата на власт која настапи заедно на локалните избори за денешен Утрински брифинг го оценува како „полууспешен“.

-Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Петковски. За луѓе кои долго ги следат работите овој резултат не е толкаво изненадување. Со оглед на се што се случуваше во последните четири години, резултатот и не е толку лош. Верувам дека може да се случи пресврт. Видете ја структурата на гласачкиот корпус – 50 илјади се за независните, исто толку се неважечки, а ако земете дека ВМРО-ДПМНЕ зеде само 288 илјади гласови при најмала излезност во историјата. Граѓаните со ова рекоа, ако продолжите вака ќе ве казниве и позиција и опозиција. Според мене не е добро да се останува дома и да се казнува централната власт кога имаме локални избори, Заев и Мицкоски нема да бидат градоначалници ниту советници. Тука работата излезе надвор од локалните интереси на граѓаните, коментира Петковски.

Граѓаните се уморни од тоа секоја година да има избори. Заев најави оставка ако не победи Шилегов за градоначалник.

-Нека ми прости премиерот ама ова е неодговорна изјава. Владата е формирана пред една година, неговиот мандат трае уште четири години. А позицијата на Шилегов не е поврзана со позицијата на Владата. Со парламентарна кампања, со наметнување на остварувања на Владата, рекомпонирање на мнозинство… сето тоа ги дефокусира граѓаните од локалниот избор, вели Петковски.

Сите партии поминаа лошо поради малиот одзив, СДСМ најмногу, а ДУИ најмногу доби. Дали проблемот е внатрешен партиски?

-Најмногу не излегоа на избори симпатизерите и членови на СДСМ. Ако се гледа што се направи владата во првата година, секогаш владата непријатните прашања ги решава во првата година, а кај луѓето тоа остава лош впечаток. Некои политики во сферата на образованието, она што се случи со Максим Димитриевски и слично, ги демотивираа луѓето, вели Петковски за Утрински брифинг.

Не е првпат ЕУ да урива влади на Балканот. Со нерешавање на грчкиот спор Груевски десет години владееше. Мицкоски во интервју забугарските емдиуми викендов рече дека тој нема да отстапи од македонските позиции.

-Популизам и демагогија. Поради Бугарија и односите со неа кај граѓаните падна интересот за Унијата. Меѓународната заедница и прави голема штета на Македонија што не ја интегрира. Бугарија е играчка во рацете на Унијата. Главната причина ја знаеме, Франција, Германија, Холандија, Данска не сакаат проширување, коментира Тито Петковски за Утрински брифинг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This