НА СИТЕ ДРУГИ ИМ СЕ УКИHУBA ПРАВOTO: Само нajcиромашните ќе примаат додаток за трето дете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.

Таа посочи дека додатокот за трето дете го примаа сите и оние кои имаат многу и оние кои имаа најмногу и оние кои немаат ништо.

-Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надомecток од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за нajсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа пpaво. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надомecток, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This