April 26, 2024, 10:52 pm

Недела неработен ден ќе оди на Уставен суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнисот е незадоволен од усвојувањето на законските измени со кои од 1 јануари недела станува неработен ден за најголем дел од вработените во државата, а за оние кои ќе работат платен со 50 до 100 проценти поголема дневница.

Од Стопанската комора на Македонија најавуваат дека ова законско решение ќе го дадат на Уставен суд.

-„Има многу неуставни елементи и ќе се преиспитува уставноста на ова законско решение. Остануваме на ставот дека никако не смее да се сопрат производните процеси бидејќи така одредени индустрии ќе претрпат сериозни загуби. Ако не работат во недела, тоа ќе го повлече и понеделник додека се подготви производниот процес за повторна работа, па всушност ќе се изгубат два дена во седмицата“ – вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Комората изготвила материјал од 17 страници на кои се образложени недоследностите на законското решение за недела како неработен ден за голем број дејности. Дел од нив се и оние чија активност се базира на лиценци, за кои на државата и плаќаат за да работат седум дена во неделата.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија, пак, изјавија дека во овој период има потреба за стимулирање на економската активност, па затворањето во недела може да ја поттикне сивата економија.

Од Организацијата на работодавачи не ја исклучуваат можноста за отпуштање работници поради неработење во недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This