Неколку сојузни држави во САД почнаа со олабавување на мерките за кapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе соујзни држави во САД преземаат чекори за олабавување на мерките по воведениот карантин поради ширењето на корона вирусот.

Гувернерите на Флорида и на Јужна Каролина веќе наредија отворање на крајбрежни зони како што се парковите и плажите за некои активноста како риболов, пливање или шетање на миленичиња во одреден период од денот, со строго запазување на физичко растојание. Слични одлуки се донесени и во Минесота и Тексас.

Во Џексонвил, Флорида, илјадници љубители на сончањето ги посетија плажите викендов, што предизвика критики на социјалните мрежи.

Ајдахо, Охајо и Северна Дакота се подготвуваат од 1 мај да ги отворат несушествените бизниси, според препораките за фазно отварање претставени од Белата куќа минатата недела.

Монтана, пак, планира да почне со отварање на бизнисите на 24 април. Њујорк во саботата ги отвори јахтинг клубовите и пристаништата за рекреативна употреба. Државата објави правила за отварање на голф клубовите. Охајо ќе објави план за постепено отварање на 1 мај.

Сепак, бизнисите и училиштата на голем дел од територијата на САД остануваат затворени.

Во десетина градови ова предизвика протести против гувернерите и нивните мерки за останување дома и физичка дистанца. Протестите главно се предводени од поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, кои се жалат за нарушени човекови права.

На синоќешниот брифинг, Трамп изјави дека некои гувернери отишле предалеку со забраните и дека луѓето имаат право да протестираат.

Гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, републиканец, изјави дека е против тоа да се испраќаат противречни пораки во кои се вели дека треба да се игнорираат федералната политика и федералните препораки.

Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, пак, кој е демократ,смета дека повикот на Трамп за отварање на државите е опасен.

И од СЗО укажаа дека државите треба да бидат внимателни и постепено да ги олабавуваат рестрикциите.

Во меѓувреме, Конгресот и Белата куќа се близу до договор за нов пакет помош во висина од околу 450 милијарди долари за малите бизниси, болниците и за масовно тестирање.

Речиси една третина од вкупниот број на заразени во светот, или 760 илјади, се во САД, каде што досега од Ковид-19 починале над 40 илјади луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This