Некој го лиже тоа што го плукнал – Мухиќ сега е против промена на името?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Ферид Мухиќ, кој и покрај спротивставувањето на промената на името на Република Македонија на крајот гласаше како независен пратеник во претходното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, сега се залага за негово враќање!

„Колку и да е политички ризична одлуката на МАНУ да не прифати промена на своето име според Преспанскиот договор, сепак – коцката е фрлена! И тоа е добар знак! Претпоставувам дека ќе има реакција од Грција, во насока на притисок за (пре)доследно спроведување на Преспанскиот договор, можеби и ќе ги намали симпатиите на меѓународната заедница поради изразениот отпор спрема договорот… но ако се издржи доволно долго на таквата одлука, можеби и навистина ќе иницира процес на преиспитување на договорите, па и креирање на нови, поправедни договори за Македонија. Секако, треба да се биде свесен дека тоа ќе трае долго и ќе биде тешко, но потребно е започнување на некаков процес на враќање на името на националните институции, па и на државата… на нешто што со политички притисок ни беше одземено. Потребно е сериозно да се преиспитаат овие соседски договори и покрај притисоците што се очекуваат, да се бараат нови договори, чие спроведување ќе биде условено со полноправно членство на Македонија во ЕУ“, вели универзитетскиот професор по филозофија за весникот „Нова Македонија“.

Непосредно пред гласањето за Преспански договор, со кој беше сменето името на македонската држава, Мухиќ ќе изјави: „Договорот со Грција за промена на името е лош. Тоа и досега неколку пати го реков. Постојат сериозни проблеми, тоа е неоспорно. Затоа се вели дека е горчлив. Но, не можеше ништо повеќе да се направи. Ако ова сега не се усвои, тоа ќе мора да го стори некоја друга влада“.

„Извонредно добро би било да се види големината на овој настан, ако сите 120 пратеници гласаат за ова. Тоа навистина би било прекрасно и практично можно. Но, внатрешните кочници, инхибицијата нема да го дозволи тоа. Но, го следам патот на разумот и совеста. Недвосмислено е дека прифаќањето води во живот. Голема е радоста и чувството за привилегијата што ја имам да бидам дел од луѓето што ќе гласаат за овие промени“, додаде Мухиќ пред собраниската седница на 15 октомври 2018 година, две недели откако на пропаднатиот референдум две третини од македонските граѓани со бојкотот јасно кажаа „не“ за промена на името на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This