Необична мистерија: 57 морнари зaразени со ковид-19 по 35 дена поминати на море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Аргентина 57 морнари по 35 дена поминати на море се заразени од Ковид-19, иако пред пловидбата биле негативни на тестот.

Рибарскиот брод се вратил во пристаништето откако некои морнари развиле симптоми кои одговараат на Ковид-19, соопшти аргентинското Министерство за здравство.

Според Министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни на коронавирусот.

Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и во карантин во хотел во градот Ушуаја се додека да се качат на бродот.

Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултати се очекуваат за уште двајца членови на екипажот.

Двајца морнари се хоспитализирани.

-Тешко е да се утврди како се заразени бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена, а со храна биле снабдени од пристаништето Ушуаја, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во Тиера дел Фуего.

Стручњаци сега се обидуваат да ја утврдат хронологијата на симптомите со цел да дојдат до хронологијата на заразата.

Директорот на одделот за заразни болести во болницата во Ушуаја, Леандро Балаторе вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана.

Бројот на заразени со Ковид -19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 лица починаа. Повеќето од заразените се во областа на Буенос Аирес. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This