НЕ ВЛЕЧАТ ЗА НОС: Организираат дебати за одлука која веќе самите ја имаат донесно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите ја започнаа јавната дебата за уставните промени, која ќе траела дури неколку дена. Траењето на секоја дебата можело да биде и повеќе од час, бидејќи Македонија време за чекање нема, оти некои (не попусто) велеа дека возо’ ни отидề. На вчерашната дебата, организирана од властите, свое научно, но и стручно излагање, имал професорот и господин Фрчкоски, кој смирувал дека со промените немало да се изгуби граѓанскиот карактер на Уставот.

Колку ми е познато во граѓански концепиран устав не се говори за односи помеѓу етничките заедници (од кои, препоставувам, искулучени се сексуалните) туку се говори/пишува за граѓаните како носители на државниот суверенитет, како и за односите помеѓу нив. Поедноставно, во граѓански концепиран устав децидно би било нагласено дека Република Македонија е држава на сите нејзини г р а ѓ а н и. И, толку – точка! На тој начин, секој кој е граѓанин на Република Македонија е спомнат во Уставот, сеедно на неговата етничка или било која друга припадност, и би било бесмислено да го постави прашањето каде е како припадник на оваа или онаа етничка заедница.

П.С. Своевиден куриозитет е и податокот дека властите организираат дебати за одлуки што самите ги носат, додека цивилниот сектор (невладините организации и сл.) молчи.

Фeјсбук статус на професорот Љубомир Цуцуловски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This