МИКО: Новите авторитарци бараат од Македонија да го промени името, се водат по маскимата ,,или си со нас или против нас”!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новиот филм од серијалот Фантастични ѕверки, ликот на Албус Дамбелдор му вели на новиот протагонист Њут Скамандер дека „доаѓа време кога мора да одбереш страна“, пишува Џејсон Мико за Свест.

Многу пати порано, во моите текстови и интервјуа, сум рекол дека постојат само две страни во животот. Тие што бараат од Македонија да се откаже од своето име, идентитет, јазик, Устав, историја, традиција, култура, се на страната која можеме да ја наречеме – нови авторитарци. Нив ги има и во Македонија и надвод од неа. Пред да продолжиме, една брза забелешка, тие што гласаа „за“ на референдумот во Македонија – верувам дека многумина од нив навистина мислеа дека не постои некоја подобра опција (односно, поверуваа во лагите на Зоран Заев дека „не постои алтернатива“), ги затнаа носовите и гласаа „за“ и покрај тоа што не сакаа да го сменат името на Македонија. Овој текст не е посветен на таа група луѓе.

Покрај нив, постои една група луѓе кои бараат Македонија да го смени своето име и се друго што ја прави посебна. Овие луѓе, овие ново-авторитарци, го вклчуваат премиерот и целата Влада на Македонија. И сами знаете кои се меѓу луѓето надвор од Македонија.

Да ги наброиме карактеристиките на луѓето кои бараат Македонија да се откаже од своето име, идентитет, Устав, наследство, култура и историја: 1) Го отфрлаат постоењето на објективна вистина и сметаат дека вистината е во моќта. 2) Веруваат дека религијата е не само глупава туку и опасна (особено Христијанството). 3) Не трпат било какво спротиставување. 4) Со сила сакаат да биде по нивно. 5) Имаат многу високо мислење самите за себеси. 6) Се работи за утописти кои веруваат во „усовршување на Човештвото“. Да одиме по ред:

1) Ново-авторитарците ја отфрлаат објективната вистина и сметаат дека се околу нас е обичен општествен конструкт. Добар пример за ова е нивното инсистирање дека поимите „машко“ и „женско“ се засновани на чувства, а не на биологијата.

2) Тие веруваат дека религијата не е само глупава, туку и опасна, особено Христијанството. Ново-авторитарците велат дека Господ е мртов и дека не постои вистина. Тие сметаат дека верата и религијата се пречки на патот кон напредокот и наметнуваат ограничувања на личната слобода, а според нив, вакви пречки не треба да има. Доколку извршите анкета на овие луѓе, огромно мнозинство од нив ќе ви признаат или дека се атеисти, или ќе наведат некоја друга категорија на не-верници. Најироничното тука е што тие всушност веруваат дека мора да се обожува човекот и држава.

3) Не трпат никакво противречење или несогласување. Лук Кофи од американскиот аналитички центар Херитиџ имаше добар коментар во оваа насока во врска со Брексит. Тој вели дека „Ако сакате подобро да разберете колку власт и контрола ЕУ има врз нејзините земји – членки, погледнете само колку и е тешко на Британија да ја напушти ЕУ. Наравоучението е: не се откажувајте од националниот суверенитет, бидејќи гледате колку е тешко да си го добиете назад“.

Ако не му верувате на Лук, слушнете само што рече Ги Ферховштад, поранешниот премиер на Белгија кој сега е евро-пратеник и водач на пратеничката група на Алијансата на либерали и демократи на Европа. Во еден од неговите гласни настапи во Европскиот Парламент, Ферховштад врескаше, мафташе со рацете и низ низа други бесни гестикулации порача: „Гледате колеги кој е вистинскиот проблем, зошто имаме криза – затоа што државите не сакаат да продолжат да го префрлаат суверенитетот и да и дадат нови моќи на Европската Унија, а сите знаеме дека единствен начин да се излезе од оваа криза е ако има ново префрлање на моќ во полза на Европската Унија и на европските институции“.

4) Користат сила за да биде по нивно, а ако не се согласувате со нив или ако сакате да промовирате ваши сопствени идеи, или вашата нација, тогаш ве напаѓаат. Овие луѓе не веруваат во суверенитетот на националните држави, но веруваат дека треба да има светска влада, а тие да бидат првосвештениците и првосвештеничките овој култ на глобални владетели. Македонија и тоа што се случуваше во неа во изминатите две години е одличен пример за овој начин на размислување.

5) Имаат многу високо мислење за себе. Погледнете го поранешниот премиер на Шведска Карл Билт, кој сега е ко-претседавач со Европскиот совет за надворешни работи, и нзиа други институции. Билт ужива да се јави на Твитер од некој аеродром низ светот, додека лета од една до друга дестинација за средби со своите колеги – елитисти од кои им држат предавања на вас – селаните. Тој е многу важна личност.

6) Конечно, никој од нив нема да признае дека е „утопист“ – никој свесно не вели дека е утопист бидејќи сите знаеме дека утопијата е недостижна. Интересно е што зборот „утопија“ значи место кое што не постои. Но, новите авторитарци се утописти бидејќи тие очајно сакаат да веруваат во можноста за усовршување на Човештвото. Го отфрлаат Емануел Кант и неговата теза за „искривеното дрво на човештвото“. Не сакаат да веруваат дека Човекот е скршен и грешен – го отфрлаат овој пристап и веруваат дека со доволно општествено инжењерство, при што, се разбира, тие ќе бидат инжењерите (платени со пари на даночниоте обврзници) ќе успеат да го исправат искривеното дрво и ќе направат совршен Човек со кого ќе ја постигнат нивната Утопија. Но, англискиот автор Оз Гинис, во неговата најнова книга „Последна шанса за слободата“, вели дека „секогаш ќе има директна, права линија низ која утопизмот води кон насилство, од проста причина што постои расчекор меѓу идеалното и реалното и кога овој расчекор не може да се надмине со убедување, ќе се надминува со сила“.

Тоа се некои од карактеристите на ново-авторитарците кои бараат Македонија да го смени своето име. Но, да не мислите дека се сконцентрирани на само Македонија. Тие се обидуваат да го видоизменат целиот свет. Бидете на штрек.

Latest News

Unlocking Fun The Simplest Slot Games at 55Club

Welcome to the world of 55Club, where the thrill of slot gaming meets the simplicity of effortless enjoyment. As...

More Articles Like This