ПРОДОЛЖУВААТ СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО АЛБАНИЈА: Студентите по улиците на Тирана се борат за своите права

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите од државните универзитети во Тирана денес продолжија со протестите со барање да се намалат на половина годишните тарифи за студирање и подобрување на условите во студентските домови.

Студентите од Политехничкиот универзитет во Тирана, од Тиранскиот универзитет, од Универзитетот за земјоделство во Тирана, како и студенти од другите универзитети во останатите градови во земјата протестираат веќе три дена.

Откако Владата на Албанија вчера ја промени одлуката од мај оваа година, укинувајќи ја точката за тарифата за повторените испити, илјадници студенти денес се собраа пред седиштето на Министерството за образование, спорт и млади во Тирана, повторувајќи ги нивните други барања за да бидат исполнети од страна на државните институции.

Студентите демонстранти бараа да се намалат на пола годишните тарифи за студирање во академската година, кои се менуваат според универзитетите, подобрување на условите во студентските домови, како и застапеност во управните одбори на универзитетите.

Тие соопштија дела нема да се повлечат од протестите без да бидат исполнети сите нивни барања, и дека ќе продолжат да ја опкружуваат зградата на Министерството за здравство, спорт и млади.

Студентите извикуваа пароли како „Дојдете, соберете се тука“, „Намалете ги тарифите“, „Албанија е наша“, а во своите раце носеа транспаренти со натписи „Бесплатно јавно образование“, „Намалете ги тарифите“, „Знаењето е потреба“, „Не убивајте ја нашата иднина“, „Тајната на слободата е во образување на индивидуата“.

Протестираа и студенти од другите универзитети во некои од останатите градови во земјата, како Скадар, Елбасан, Валона и Драч, со барање да се намалат на половина тарифите за студирање.

Од друга страна, премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше во врска со демонстрацијата на студентите, и рече дека е подготвен да седне и да разговара со студентите за решавање на нивните проблеми.

„Моја обврска е да ги слушнам и поддржувам студентите во решавањето на нивната загиженост во секоја прилика кога тие ќе сакаат да разговараат“, рече Рама во едно видео објавено на социјалните мрежи.

Инаку, и во текот на ноември во Тирана беа организирани протести за намалување на тарифите за студирање, од страна на студентите од јавните универзитети.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This