„Не го даваме Пауновски“: Огромнa поддршка од вработените за директорот на Државниот пазарен инспекторат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако премиерот Зоран Заев го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој одби во институцијата да вработи нови луѓе по рамковен договор,а со несоодветно образование, реагираат вработените во Инспекторатот, кои го делат истиот став со Пауновски.

Тие за директорот велат дека тој сака само професионализам и благодарение на него институцијата добила реноме и дигнитет.

Портпаролката на Пазарната инспекција, Александра Котели, за ММС вели дека сите вработени стојат зад ставот на Пауновски и дека веќе се собира петиција за промена на одлуката за негово разрешување.

Во историјата на постоењето на Пазарниот инспекторат не се случило да постои таков кадарен личен, морален и етички капацитет како што е Пауновски. Условите кои ги создаде Пауновски во само три години се услови кои ќе ги користат вработените уште многу години во иднина. Од набавка на возила, реконструкција на објекти, како и зголемување на број на кадар. Квалитетот на институцијата, реномето го издигна на многу високо ниво, а за тоа говорат и големиот број резултати. Она што во моментов се случува е процес на потписи на голем број инспектори на петицијата со цел да имаме средба со премиерот Зоран Заев за да го слушне мислењето и ставот на вработените како функционира нашата институција и разликите пред и по Пауновски. Верувам дека нашиот глас ќе биде слушнат. Ова се случи ненадејно и имаме потполна подршка од сите вработени – вели Котели.

Повеќе на ММС.мк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This