April 28, 2024, 10:04 am

Ќе се сретне ли со Путин?: Бaјден најави посета на неколку европски земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден кон средината на јуни ќе престојува во прва посета на странство. Прво ќе замине во Велика Британија, а потоа во Брисел, соопшти Белата куќа.

Од 11 до 13 јуни Бајден ќе учествува на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 во Корнвол, во јужниот дел на Англија, а потоа на 14 јуни на самитот на лидерите на НАТО во Брисел.

Тој во Брисел, исто така, ќе учествува и на самитот САД-ЕУ, на кој ќе зборува за американската посветеност на трансатлантското партнерство, засновано врз заедничките вредности, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Некои западни медиуми објавија дека постојат шпекулации за евентуална средба меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Бајден минатата недела му предложи на Путин состанок во текот на летото во некоја трета земја. Руските власти изразија интерес за таквиот предлог, а Финска и Австрија се понудија да бидат земји-домаќини на таа средба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This