Николоски: Две и пол години не добивам одговор кога Македонија ќе започне преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија Стар зборуваше зошто Република Македонија нема отпочнато приговори за членство во ЕУ и потенцира дека причина е тоа што Заев неколку пати направил стратешки гpeшки.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт народот живее подобро, се отвараат нови работни места, имате посреќни луѓе, кога СДСМ е на власт многу се филозофира, малку се работи. Мислам дека на Заев му одговара луѓето да зборуваат за односите со Бугарија, со Грција или со Албанија за да не зборуваат за тоа дека брат му и негов братучед добија концесија на 30 години од Владата која тој ја предводи. Ова е невидена работа било каде во ЕУ. Тој од уста не ја вади ни Европска унија, ни НАТО ама нека наброи втора држава членка на ЕУ во која премиерот на седница која тој ја води доделува концесија на брат му и на негов братучед и затоа меѓу другото Македонија не може да почне преговори, истакна Николоски.

Николоски посочи дека во јавноста поставил прашање за кое две и пол години не добил одговор.

-Јас го имам во јавноста поставено може најинтригантното прашање на кое две и пол години не добивам, а тоа е кој е датумот на кој ќе почне Македонија преговори со ЕУ. Прашував во 2018 година кој е датумот, не добив одговор, во 2019 година прашував не добив одговор, еве ја 2020 заминува пак немам одговор. Македонија направи неколку стратешки грeшки заради Зоран Заев поради кои не може да почне преговори, додаде Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This